Јаневска постави државен рекорд на 50 метри делфин

Македонската пливачка Ана Јаневска учествуваше на отвореното првенство во Нетанија, Израел каде имаше успешен настап. Освои златен медал во дисциплината 50 метри делфин и постави нов државен рекорд со време 28,94.

Ова време е доволно Јаневска да ја оствари нормата за настап на Младинската олимпијада во Буенос Аирес.

Исто така, Јаневска освои второ место во дисциплината 50 метри слободно и трето место во дисциплината 100 метри делфин.