Јаневски до Ахмети: Тие што ти рекоа да не правиш Влада со ВМРО, денес ти ја пуштија Фатиме

По денешната прес-конференција на СЈО во врска со пописот кој требаше да се спроведе во октомври 2011 година реагираше новинарот Дарко Јаневски кој на својот Фејсбук профил напиша:

„Е море Ахмети, тие што ти забранија да направиш влада со ВМРО, денеска ти ја пуштија Фатиме да каже дека нема 20 отсто Албанци во МК и дека затоа со Грујо сте го прекинале пописот. И тоа среде гужвата со Законот за јазици. Практично ви го поништија Рамковен, оти сега нема Македонец кој ќе може да застане зад попис што ќе покаже дека има 20 отсто Албанци, а да не биде наденет на кол“.

Според неговата анализа, пописот во 2011 година бил спречен поради неповолните првични резултати за албанската етничка заедница во Македонија односно дека бројот на Албанците во Македонија е помал од 20 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.