Јаневски: Оваа среќа не се купува со пари

Стратегот на клупата на македонскиот шампион Чедомир Јаневски по мечот во Истанбул истакна дека играчите на Вардар до пласманот стигнале со големата желба, им честиташе на играчите и потенцирапе дека ваква среќа со пари не моќе да се купи.

„Пред сѐ, сакам да се заблагодарам на Фенербахче за добриот пречек во Истанбул. Најголемите честитки одат кон моите фудбалери, затоа што со оваа победа, односно двете победи испишаа историја за македонскиот фудбал. За првпат еден македонски клуб ќе игра во Европа. Победивме на двапати еден голем клуб. Поминавме не на среќа, туку со голема желба и исполнување на тактичките обврски. Ова е доказ дека само со професионална работа може да се исполнат резултати. За нашиот успех исто така е задолжен и нашиот сопственик Самсоненко, кој вложува во овој клуб. Вардар е голема македонска гордост. Имаме премија за овој успех од клубот, но верувајте, оваа среќа не може да се купи со пари“, рече Јаневски.

Екипата на Вардар испиша историја и обезбеди пласман во групната фаза од Лига Европа. Македонскиот шампион го елиминираше големиот фаворит Фенербахче и стана првиот клуб од земјата со вакво постигнување.

Во четврток ќе бидат познати противниците на вардарци во групната фаза, по жрепката којашто во 13 часот ќе се одржи во Монако. Фудбалските великани како Арсенал, Лион, Лацио и Виљареал се само некои од големите европски имиња, кои би можеле да гостуваат во Скопје.

Вардар ќе биде дел во една од 12-те групи од Лига Европа. Според шемата првото коло Вардар ќе треба да го игра на 14 септември, второто коло се ига на 28 септември, третото на 19 октомври, четвртото на 2 ноември, петтото на 23 ноември и последното шесто коло од групната фаза е закажано за 7 декември.

Доколку македонскиот првак се пласира на првите две места во групата, ќе учествува во нова жрепка за најдобрите 24 екипи, во кои ќе приклучат и осумтте третопласирани екипи од групната фаза во Лигата на шампионите, која ќе се одржи во Нион на 11 декември.