Балкан

Јанис Веруфакис нападнат пред ресторан во Атина

Јанис Веруфакис нападнат пред ресторан во Атина

Грчкиот министер за финансии, Јанис Веруфакис, обелодени дека тој и неговата сопруга биле нападнати од анархисти за време на вечерата во еден ресторан во Атина.

Според неговите зборови, инцидентот се случил доцна синоќа во атинскиот кварт, Егзархија, кој е популарен меѓу екстремните левичари и анархисти, кога маскирана група упаднала во ресторанот, пренесува Танјуг. За среќа, никој не бил повреден.

Групата напаѓачи побарала од министерот да ја напушти области притоа фрлајќи стаклени шишиња и останати предмети врз него и неговата жена, истакна Варуфакис.

Варуфакис истакна дека неговата жена го заштитила кога еден од групата се обидел да го удри.

– Ова не беше организиран инцидент, истакнува Варуфакис во соопштението.

На крајот министерот разговарал со групата пред ресторанот по што тензиите се смириле.