Јанкулоска: Дочекот на Новата година помина во мирна атмосфера, без големи инциденти

Новогодишната ноќ помина во мирна и празнична атмосфера, без поголеми инциденти, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која денес ја посети полициската станица Центар, каде се информираше за сите активности и инциденти во текот на новогодишната ноќ.

„На територија на Република Македонија регистрирани се 20 нарушувања на јавниот ред и мир, бројка која е пониска од вообичаената, во денови кога не се прославува. Во Скопје се регистрирани 4 нарушувања на ЈРМ и неколку сообраќајни несреќи без посериозни последици. Бројката на инциденти во Скопје е драстично помала“, истакна Јанкулоска.

Во врска со нападот на возилото на Брза помош, министерката додаде дека полицијата има почетни информации и очекува инцидентот да биде набрзо расчистен.

Регистрирани биле и неколку обиди за кражба, меѓутоа со брзата полициска интервенција истите на лице место биле спречени