Јанкулоска ги посети Умин Дол и Ново село

Во рамките на денешната агенда, носителот на Изборната Единица 1, Гордана Јанкуловска се сретна и со граѓаните од населените места Умин Дол и Ново Село.

На средбата со граѓаните од овие населени места во кои претежно живеат повозрасни луѓе кои се занимаваат со земјоделие, Јанкуловска потенцираше дека ниту во овие села ниту во другите од Општина Куманово, СДСМ нема направено речиси ништо.

10169233_10151959803921682_3286120266252927568_n

„Но, затоа ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период во неколку наврати ги зголемуваше пензииите на пензионерите и овозможи редовна исплата на субвенциите за земјоделците“, нагласи Јанкуловска.

Таа потенцираше дека  во наредните четири години  се предвидува покачување на пензиите за цели 20 отсто, како и нови 600 милиони евра за субвенции.