Јанкулоска: Ќе понудиме парцели за изградба на винарски визби во Куманово

Во Куманово ќе понудиме продажба на парцели наменети за изградба на мали винарски визби.

Ова вечерва го истакна носителот на ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска при посетата на кумановско Бедиње.

tromega-500

Јанкулоска пред граѓаните ги промовираше реализираните проекти и проектите што ќе се реализираат во Куманово.

„Во програмата на ВМРО ДПМНЕ предвидуваме проекти за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“, посочи Јанкулоска.