Јанкулоска: Лажните патриоти се откриени и кривично се гонети

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес истакна дека и по 15 години од конфликтот во 2001 година има обид за напад, обид да биде заложена иднината на Македонија.

-Лица кои се осомничени за шпионажа не се и никогаш нема да бидат патриоти. Лажните патриоти се откриени и се кривично гонети, а еден од нив веќе е осуден, истакна Јанкулоска која присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од постоењето на единицата за специјални задачи во МВР.

Таа посочи дека „Тигрите“ имаат респектабилна историја и секогаш мора да бидат на врвот, а се дел и од оние кои беа на браникот на татковината и во 2001 година.

-Во 2001 вие бевте патриоти. Денес повторно патриотите сте вие кои секогаш сте на браникот на татковината, не можат да бидат патриоти оние кои наместо од граѓаните поддршка добиваат од надвор, потенцираше министерката за внатрешни работи.

Командантот на единицата Славчо Петрушевски нагласи дека ЕСЗ секогапш е во чекор со трендот на најелитните единици.

tigar-esz tigar-esz1 tigar-esz12