Јанкулоска на министерски форум во Белград

Во Белград денеска ќе се одржи министерски форум за правда и внатрешни работи на ЕУ-Западен Балкан, на кој ќе учествува министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На форумот ќе се разговара за борбата против тероризмот, организираниот криминал, трговијата со луѓе, визната либерализација, ИПА проектот за борбата против меѓународниот криминал, судските реформи, соработката во граѓанското и кривичното право, конфискација на имотите стекнати со криминал и човековите права со посебен фокус на жените и децата.

Министерката Јанкулоска ќе има излагања за „Борба против тероризмот и радикализацијата, со посебен фокус на странските борци“, „Механизам за следење на пост-визната либерализација“ и „Борба против организиран криминал, со посебен фокус на борба против трговија со оружје, трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.