Јанкулоска: Најголемото признание за полицијата доаѓа од граѓаните

Денеска беше одбележaн 7-ми мај, Денот на македонската полиција.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во своето обраќање пред присутните истакна дека како што минува времето нејзината почит кон полициската униформа станува се поголема, нагласи дека е голем товарот да се направи пресек во работњето и воедно им се заблагодари на сите оние кои ја одбележаа минатата година.

Таа истакна дека најважно од се е дека во полициските редови влaдее тимскиот дух и дека како досега, така и во иднина треба да се даде максимумот во служба на граѓаните.

„Довербата тешко се стекнува, но лесно се губи. Од сите нас зависи како ќе гледаат граѓаните на униформата и на институцијата која ја претставуваме. Не смееме да дозволиме ни најмал сомнеж во храброста, искреноста и чесноста што ве красат секој поединечно. Мора и во иднина секој од нас да го дава својот максимум во служба на граѓаните, истакна Јанкулоска.

Министерката истакна дека лани МВР бележи пад на кривичните дела од областа на насилниот криминал, така од минатиот 7.мај до денес има само 21 убиство или околу 1 убиство на 100 илјади жители, што е, потенцира, една од најниските стапки во Европа. Во надолна линија се и кривичните дела како што се изнуди, грабнувања и уцени, но и нарушувањата на јавниот ред и мир.

– За преку 60 проценти е зголемена реализацијата во борбата против организираните криминални групи. Изминатата година, дури 26 криминални групи се тргнати од улиците, а 282 лица од овие групи, заработија пријави или се изведени пред лицетоп на правдата. Откриени и запленети се околу 900 килограми дрога, за кои се пријавени 665 дилери и транспортери. За 30 проценти е зголемена и реализацијата за недозволена трогвија со оружје, за што се пријавени 244 сторители, истакна министерката Јанкулоска. За 90 проценти е зголемен бројот на откриени сторители на корупција, додаде тоаа, а меѓу осомничените се судии, јавни обвинители, полициски службеници и други службени лица.

Најголемото признаните за сработеното, смета таа, е од граѓаните кои, согласно истражувањето кое лани во август го презентираше МЦМС, потврдува дека секоја година се зголемува довербата во полицијата односно во однос на 2010 година довербата меѓу Македонците се зголемила од 59 на 71 процент, а меѓу Албанците од 31 на 55 проценти.

Во рамки на денот на полицијата беше положено цвеќе пред споменикот на паднатите припадници на МВР, а се организираа и крводарителска акција, посета на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, домот за донечиња и мали деца во Битола,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.