Јанкулоска: Нема ништо повредно од Македонија, вие сте вистинските чувари на демократијата

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска го посети Кампот на чуварите на демократијата пред Собранието на Република Македонија.

Таа на камперите им порача дека нема ништо повредно од Македонија и нагласи дека во кампот има енергија, дебати, различни мислења и дискусии, како и дека сето тоа е за доброто на Македонија.

 

-Има и еден друг камп малку подалеку одовде, меѓутоа таму атмосферата е многу поинаква. Таму не се знае ни кој зошто е дојден, ниту што бара, ниту зошто смета дека треба да го добие. Меѓутоа една работа за знае за тие луѓе, тие секогаш пред себе го имаал личниот интерес и интересот на нивните политички ментори. Но вие што сте вечерва овде, вие сте вистинските чувари на демократијата, вие сте луѓето кои пред се и над се ја имаат Република  Македонија, порача пред присутните Јанкулоска.

Токму затоа, рече таа, тука нема потреба од некое посебно сценарио, ниту од некое увежбано настапување и одговарање на прашањата кои граѓаните ги интересираат , нагласувајќи, дека сите прашања за кои се дискутира во овој камп, се прашања од интерес на Македонија.

-Секој од нас без дилема знае секогаш  кога и е потребен на Македонија ќе бидe прв на браникот на татковината. И дека секогаш било кој од нас ќе го направи она што е најдобро за државата, никогаш нема да го стави пред се личниот интерес, па дури нема да го ставиме ни партискиот интерес , затоа што и ВМРО-ДПМНЕ и сите оние коишто ја поддржуваат Владата предводена од премиерот Никола Груевски, го прават тоа пред се затоа што оценката е дека тоа е најдобрата опција за Македонија, истакна Јанкулоска.

Таа додаде дека пред во овој камп, пред се има млади и искусни луѓе, кои биле дел од важни процеси од интерес на образованието, културата и општественото живеење.

-Додека во оној камп пред Влада се лицата коишто ги препознаваме како дел од толпата што фрлаше со камења и со шипки по припадниците на полицијата, лицата кои овде денес ги гледам, се лица кои достоинствено во голем број излегоа да им оддадат почит на македонските бранители, на македонските безбедносни сили, затоа што и вие исто како и тие секогаш пред се ја имате Република Македонија.

Додаде дека пред само една недела токму овде на овој простор се одржа најголемиот народен собир во независна Република Македонија .

-Не постои народен собир поврзан со Македонија, поврзан со ВМРО-ДПМНЕ на кој лично не сум присуствувала и она што се случи пред една недела е нешто што ниеден Македонец го нема видено со толку гордост и со толку позитивна енергија, рече Јанкулоска.

Таа им се заблагодари на камперите пред Собрание што ја барант слободата и демократијата и ја бранат Република Македонија.