Македонија,Политика

Јанкулоска: Ова се најмирните избори во историјата на Македонија

Јанкулоска: Ова се најмирните избори во историјата на Македонија

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, информираше дека Македонија денес гласала достоинствено и демократски, согласно европските стандарди.

Изборниот процес помина без никакви посериозни инциденти, а од безбедносен аспект ова се најмирните избори во историјата на Македонија. Особено ако се земе предвид фактот дека немало прекин во гласањето на ниту едно избирачко место, истакна Јанкулоска.

Таа додаде дека вакви избори ретко може да се најдат во земјите од регионот.

Јанкулоска потенцираше дека Министерството за внатрешни работи останува да ја спроведе последната, трета фаза, поврзана со изборите, односно транспортирање на избирачкиот материјал до Државната изборна комисија.

За таа цел оперативниот штаб на МВР ќе остане отворен до завршување на транспортот на избирачкиот материјал.