Јанкулоска: Пендаровски ја креираше политиката со која илјадници семејства останаа без егзитенција

Стево Пендаровски и неговиот ментор Бранко Црвенковски, човекот на кого му беше советник, се луѓето кои креираа и водеа политика со која направија голема социјална неправда, а денес зборуваат за еднаквост, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на митингот во Свети Николе.

„Пендаровски му беше советник токму на Бранко Црвенковски, на истиот Бранко кој стави вето на законот со кој требаше да се обештетат стечајците, тој учествуваше во креирањето на политиката со која илјадници семејства останаа без егзистенција. Тој ги даваше советите и тој беше рамо до рамо до сите оние од кои денес се обидува да се дистанцира“.

Според Јанкулоска, кога Стево Пендаровски зборува за владеење на правото, народот гледа верификација на криминалните избори кои ги направи тој, и кој му ја донесе позицијата на Бранко Црвенковски која ја узурпираше цели 5 години.

„Народот во него гледа човек кој му забрануваше да се изјасни- тоа не е слобода. Народот во него гледа човек кој ги запечати судбините на илјадници семејства каде што има стечајци. Деновиве го слушам му нашол замерка на претседателот Иванов. Основната замерка е затоа што Иванов секогаш имал разбирање за политиките на Владата, затоа што не ги кочел проектите. Но сите добро знаете кои се тие проекти што ги подржа Иванов“, рече таа.

Јанкулоска истакна дека Иванов беше тука да даде поддршка кога се зголемуваа пензиите и платите, кога за најранливите категории се утврди минималната плата, кога се донесе Закон за стечајците.

„Претседателот Иванов како човек кој целиот свој професионален век го поминал во образованието предничеше во својата поддршка и за бесплатно образование и за сето она што значеше напредна наука, образована младина, конкурентна работна сила, затоа што единствено знаењето е нешто што никој не може да ви го одземе“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.