Јанкулоска: Преостанува да се направи анализа на податоците од увидот во фабриката во Сопиште

По наредба на обвинителот ги презедовме сите дејствија кои беше побарано од нас да бидат преземени во делот на вршењето на увидот.Сега преостанува да се направи анализа на податоците од увидот и на целокупната документација за функционирањето на фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште и од страна на обвинителот да се донесе финална одлука како понатаму ќе го води случајот,  истакнала министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која го промовираше проектот „Предложете сообраќајна контрола на веб-страницата на МВР“, пишува „Република“.

– Истрагата за експлозијата во Сопиште ја води јавниот обвинител и претпоставувам тогаш кога ќе процени дека е соодветно ќе ги објави финалните резултати. Од аспект на полициската работа увидот е завршен и се што беше побарано од нас е направено. Доколку добиеме нови наредби ќе постапиме и понатаму. За жал едно од лицата кое беше хоспитализирано почина во текот на вчерашниот ден – додаде Јанкулоска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.