Јанкулоска присуствуваше на едукативно предавање во Свети Николе

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска беше во посета на Општина Свети Николе.

Taa во гимназијата „Кочо Рацин“  заедно со средношколците присуствуваше на едукативното предавање организирано од страна на полициските службеници под мотото „Спорт- Да, Дрога-Не“.

Јанкулоска посочи дека превенцијата, но и ваквите едукативни предавања придонеле младите од општина Свети Николе да имаат висока информираност за штетноста од користењето на дрога.

– Нашите службеници кои работат во делот на превенцијата настојуваат пред се да делуваат пред да настанат не сакани последици. Во поглед на состојбата по однос на сите параметри кои се под надлежност на министерството за внатрешни работи ма подрачјето на Општина Свети Николе можеме да констатираме поволна безбедносна состојба и поволна состојба во однос на криминалитетот, вели Јанкулоска.

Таа  забележува дека зголемен е бројот на случаи на имотни деликти во земјава, но според неа стапката на ефикасност за нивно решавање од страна на полициските службеници  е голема.