Јанкулоска присуствуваше на обуката на кандидатите за полицајци

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска присуствуваше на  спроведувањето на обуката на новите кандидати за полицајци.

Основната обука започнана 15 – ти јануари годинава. Од 440 кандидати кои ја започнаа обуката моментално обуката ја посетуваат 438, еден кандидат на сопствено барање ја прекина обуката, а на еден кандидат му беше прекинат договорот по основ на неисполнети резултати, останатите кандидати успечно го завршија првиот модул “Заштита на јавен ред и мир”.

Моментално во фаза на спроведување е и Вториот модул од основната обука “Заштита на животот и имотот” во чии рамки се одржа и денешната полициско теренско- тактичка обука која се состои од користење на техничка опрема за надзор на државната граница и движење по GPS, укажување на Прва помош при задес и незгода, картографија со топографија, воспоставување на логорски камп, строева обука со формациско вооружување, начини на движење и совладување на отворен простор, блокада, рација, преглед и претрес на лице, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, заседа,  преглед и претрес на терен, справување со недозволено преминување на државната граница и кондиционен марш.

Во овој модул се веќе завршени тестирањата  по Одбрамбени техники и Ракување со оружје и гаѓање, а на почетокот од месец септември треба да се спроведат Тестот на знаење и Тестот по англиски јазик.

По завршување на вториот модул предвидено е кандидатите за полицајци да го започнат и третиот, последен модул во кој се предвидени активности од областа на сообраќајот и гранично полициско работење .

Како што нагласи министерката за внатрешни работи во првото полугодие на 2014 година, регистрирани се 30 кривични дела „криумчарење мигранти“, за што пријавени се 46 сторители. Прокриумчарени се вкупно 203 мигранти (по потекло од Сирија-80, Авганистан-63, Сомалија-25, Еритреја-19, Коморе-4, Бангладеш-3, Палестина и Брегот на Слонова коска – 2, и по 1 од Конго, Албанија, Пакистан, Гамбија).