Македонија,Политика

Јанкулоска во Дексион: Се очекуваат најмалку 30 нови инвестиции

Јанкулоска во Дексион: Се очекуваат најмалку 30 нови инвестиции

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска денеска оствари средба со жителите на Дексион каде промовираше дел од проектите на програмата Проверено.

Покрај другото во програмата се предвидува промоција на нови гринфилд инвестиции.

-Во следниот период се очекуваат уште најмалку 30 нови инвестиции. Со влезот на новите најавени и планирани гринфилд инвестиции се очекува отворање на најмалку 10.000 нови работни места. Има разлика, рече Јанкулоска.