Јанкулоска: Со зголемена меѓународна соработка и размена на искуства се унапредува безбедноста во сообраќајот

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска во МВР, заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, го прими првиот човек на Меѓународната организација за безбедност во сообраќајот (PRI), Џуп Гус.   

На состанокот министерката Јанкулоска истакна дека досегашната соработка меѓу МВР и РСБПС е на извонредно високо ниво за што сведочат мноштвото заеднички проекти и активности во изминативе години. Исто така, Јанкулоска посочи дека зголемување на меѓународната соработка, размената на искуства и идеи бездруго е во корист на унапредувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Република Македонија.

Од своја страна, Гус нагласи дека годинава Македонија е избрана како земја домаќин на Светскиот конгрес на меѓународната асоцијација, што ќе се одржи во мај, наедно упатувајќи и покана до МВР за учество на таа меѓународна конференција.

Инаку, изминативе денови првиот човек на PRI имаше можност одблизу да ги проследи сите активности во рамки на Неделата на пешаци – кампања посветена на безбедноста и едукацијата на пешаците како учесници во сообраќајот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.