Јанкулоска во Стајковци и Брњарци: Реконструкција на водоводната мрежа и локалниот пат

Денеска носителот на Изборната Единица 2, Гордана Јанкуловска оствари средба со граѓаните на населените места Стајковци и Брњарци.

При посетата во разговор со граѓаните Јанкуловска ги потенцираше досега реализираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ во овие населени места.

Притоа ја издвои реконструкцијата на локалниот пат Село Брњарци- Село Стајковци во должина од 1,55 километри, во вредност од 8,80 милиони денари.

Јанкуловска наведе дека во наредниот четригодишен период е предвидена реконструкција на водоводната мрежа во Стајковци во должина од 5 километри.

Како еден од најзначајните проекти од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, Јанкуловска го наведе проектот за отпишување на долговите на социјалните случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.