Македонија,Политика

Јанкулоска во Тромеѓа: Со реконструкција на далеководот до поголема пропусната моќ

Јанкулоска во Тромеѓа: Со реконструкција на далеководот до поголема пропусната моќ

Пред жителите на Tромеѓа носителот на ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска ги презентираше проектите реализирани од страната на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Во рамките на проектот за реконструкција на локални патишта, во периодот од месец август 2011 до месец февруари 2014 година, завршена е реконструкцијата на 225 локални патишта во должина од 428,97 км, во вкупна вредност од околу 2,1 милијарди денари, истакна Јанкулоска.

tromega-500

Таа додаде дека во тек е и реконструкција на 110 kV далековод ТС Скопје 1–ТС Куманово 1.

Со реконструкцијата на овој далековод ќе се зголеми пропусната моќ на дел од преносната мрежа. Вредноста на овој проект изнесува 1,3 милиони евра и се очекува до крајот на јуни 2014 година да биде целосно реализиран.