Македонија

Јанкулоска зад себе остави низа успешни проекти како прв човек на МВР

Јанкулоска зад себе остави низа успешни проекти како прв човек на МВР

Гордана Јанкулоска нема повеќе да биде министер за внатрешни работи, откако премиерот Никола Груевски вечерва до Собранието достави предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски.

Јанкулоска како прв човек на Министерството за внатрешни работи зад себе остави низа успешни и позитивни остварувања. Во нејзинот мандат преку усогласување на платите овозможено е покачување на истите кое треба да резултира со зголемување за околу 20%.

-Овозможено е пензионирање по основ на пензиски стаж во полицијата (со навршени 40 години).

-Потпишан е нов Колективен договор меѓу МВР и МПС.

-Извршено е кадровско доекипирање на МВР  шри што низ транспарентен процес беа селектирани, обучени и вработени 1100 полициски службеници, 19 информатичари, 50извршители со ВСС и 12 пилоти. Исто така преку преземања од други институции и поединечни вработувања, за потребите на МВР и полицијата во периодот од 2011 до 2015 беа вработени 1.958 лица.

-Набавени се вкупно 260 превозни средства, меѓу кои 150 Шкода Јети, 100 Шевролети Спарк и 2 цистерни за Јавен ред и мир.

-Преку набавки и донации обезбедени се над 7.000 парчиња опрема за македонската полиција

-Реновирани, надградени и изградени се 26 објекти на полициски станици на целата територија на Р. Македонија.

-Според последниот извештај на „Transparency International“  за индексот за перцепција на корупцијата во 2014 година, Македонија е рангирана на 64-то место, што е за 41 местo подобро во однос на периодот до 2006 година кога беше на 105-то место.

-Според глобалниот Извештај на американскиот State Department за состојбите со трговијата со луѓе, Р. Македонија 4 години по ред, од 187 држави во светот, е во групата ТИЕР 1 – држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе.

-Во периодот од почетокот на 2011 година до 01 април 2015 година спроведени се 56 покарактеристични акции во кои се сузбиени голем број на криминални групи.Операциите како „Кампања“, “СОЈА“,“Ариел“, „Калдрма“,„Монструм“, “Калабрија“, „Круна“, „Босфор“, „Керозин“, “Диригент“, “Детонатор“, “Агент“, “Фаланга 1 и 2“, “Ликвидација“, “Шпиун“, “Претседавач”, “Гора“, „Јустициа“, “Јагула”, „Чекан“ и„ПУЧ“покажаа на дело ефикасно спроведување на политиката на нулта толеранција кон криминалот и корупцијата.

Реализиран е проектот за дигитална полиција со кој се овозможи раководење  и командување со најсложените полициски операции на специјалните единици од централен команден центар.

-Обезбеден видео-надзор во најфреквентните делови на Скопје, Kуманово и Тетово што помага при расветлување на некои кривични дела.

-Довербата во полциијата расте. Според истражувањата на јавното мислење кои ОБСЕ ги спроведува секоја втора година во изминативе 12 години, довербата на граѓаните во полицијата е во континуиран пораст од 2008 година што укажува на сигурен тренд на подобрување на соработката. Концептот на довербата во полицијата покрај оцените на граѓаните за ефикасно и ефективно извршување на должностите, ги вклучува и нивните перцепции за тоа дека полицијата ги разбира потребите на заедницата, се однесува фер и достоинствено со луѓето, задоволително ги информира и им дозволува да го искажат сопственото мислење во решавањето на локалните проблеми.

Јанкулсока преку својот Фејсбук рпофил истакна дека во изминативе години не штедејќи време и енергија работела професионално и посветено секогаш раководејќи се од интересите на граѓаните и пред се раководејќи се од интересите на Македонија.

-Му благодарам на Премиерот Груевски за дадената доверба, на моето семејство и пријателите за разбирањето и поддршката и на најдобриот тим, моите соработници од МВР со кои беше задоволство да се соработува секогаш во интерес на Македонија!, напиша Јанкулоска.