Македонија

Јанкуловска: „Алфите“ го добијата статусот кој одамна го заслужија

Јанкуловска: „Алфите“ го добијата статусот кој одамна го заслужија

По девет години успешна и напорна работа, „Алфите“ ги добија признанијата и статусот кој вредно го заслужија.

“Присуството на овој историски момент за мене претставува вистинска чест која ретко кој министер ја имал во својата кариера. Сигурна сум дека денешниот ден е ден за паметење и за вас, но убедена сум дека и граѓаните на Република Македонија во иднина ќе го одбележуваат денот кога „Алфа“-единицата го добила статусот кој одамна го заслужи“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешното врачување на новите решенија на припадниците на Единицата за брз одговор и интервенција “Алфа“, согласно новата систематизација во МВР, што се одржа во Центарот за обука во Идризово.

IMG_8450

Министерката Јанкулоска во своето обраќање нагласи дека одлуката за формализирање на „Алфа“ единицата во новата систематизација на Министерството за внатрешни работи е апсолутно оправдана и би рекла дури и задоцнета. Притоа, таа посочи дека денешното официјализирање на „Алфа“ како Единица за прв одговор и интервенција во рамки на СВР Скопје, односно новиот статус на посебна единица за „алфите“ ќе значи и признание за досегашните деветгодишни извонредни резултати во функционирањето на единицата.

IMG_8517

Во тој контекст Јанкулоска презентираше низа импозантни бројки од досегашните активности на „алфите“, при што подвлече дека од 2005 година наваму реализирани се вкупно 17.052 приведувања на лица прекршители на закони, од кои 3383 биле нарушители на Јавниот ред и мир, 681 лице за нелегално поседување и носење на оружје, 3.528 за поседување опојни дроги, 2.881 за сторени царински прекршоци, кривични дела и сообраќајни прекршоци со потешки последици  или проследени со друг облик на прекршоци. Исто така, дадени се 1.024 асистенции на интерни сужби на МВР при вршење на претреси, а извршени се спроводи на 804 лица и 96.494 проверки за утврдување на идентитет на лица, со цел превентивно и оперативно постапување во правец на спречување на нови и разрешување на сторени кривични дела и прекршоци.

Покрај ова, министерката особено се осврна на фактот дека во дека изминативе неколку денови сите 128 припадници на единицата ги минаа неопходните психофизички тестови и контроли, а дури една третина беа високо рангирани согласно поставените критериуми, наедно честитајќи им и на шесте припаднички на единицата кои покажуваат дека храброста и пожртвуваноста не се исклучиво машки особини.