Јанкуловска: Евидентен е стравот кај Заев поради кривичните дела за кои се товари

Со сите колеги и во извршната и во законодавната власт имаме коректни и професионални односи, одговори денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање во врска со последните објавени од страна на СДСМ прислушувани разговори.

Во недостиг на идеи и конкретни предлози, нагласи Јанкулоска, Зоран Заев и неговите соработници како единствен начин да се претстават пред граѓаните, одлучија да објавуваат креирани, монтирани материјали набавени на незаконски начин.

– Со секое нивно наредно појавување во јавноста евидентен е стравот односно вознемиреноста кај Заев затоа што најверојатно станува свесен за сериозноста на кривичните дела кои му се ставаат на товар, изјави министерката Јанкулоска по потпишувањето на новиот колективен договор со македонскиот полициски синдикат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.