Македонија

Јанкуловска: Ѓорче Петров ќе добие нова полициска станица

Јанкуловска: Ѓорче Петров ќе добие нова полициска станица

Носителот на Изборната Единица 2, Гордана Јанкуловска, на денешната средба со жителите на населбата Ѓорче Петров, најави дека за првпат после 50 години ќе се гради нова полициска станица во овој дел од градот.

Овој  проект е предвиден во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Местото каде што е лоцирана старата полициска станица, ќе биде наменето за паркинг простор за станбените згради кои се наоѓаат во непосредната околина.