Македонија

Јанкуловска и Дачиќ утре ќе го пуштат центарот за политичка соработка „Табановце“

Јанкуловска и Дачиќ утре ќе го пуштат центарот за политичка соработка „Табановце“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ утре во 12 часот ќе  го пуштат во употреба Заедничкиот контакт центар за полициска соработка “Табановце“ лоциран на истоимениот граничен премин.

Целта на центарот е да се интезивира соработката на двете министерства за внатрешни работи.

Правилникот за работа и организација на Заедничкиот контакт Центар „Табановце“ меѓу двата министери беше договорен на Форумот  ЕУ-Западен Балкан.