Јанкуловска и Трајановски ќе делат бесплатни ваучери за такси

Вечерва во 22,30 часот, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на фестивалот на виното “Виноскоп 2014” ќе делат бесплатни ваучери за такси превоз.

Оваа акција е дел од активностите во рамките на кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ и истата се реализира во соработка со поголем број на такси компании и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.