Јанкуловска: Иванов има визија, а другата страна само празни зборови

„Ова е тимот што успева, што не потклекнува и ја витка кичмата се’ додека функционира како тим. Гордо и достоинствено, државата пред се’. Има ли слоган што подобро ќе ја отслика работата на Иванов во изминатите пет години. Имавме многу искушенија и многу ризици. Иванов секогаш се однесуваше како вистински врховен командант на АРМ, секогаш храбро кога се работи за Македонија“. Ова е дел од почетното обраќање на министреката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на вечерашниот митинг во Куманово, за поддршка на Ѓорѓе Иванов за уште еден претседтелски мандат.

Јанкуловска укажа на чесниот пристап, скромноста и верноста на Иванов наспроти лошите совети што опозицискиот противкандидат, Стево Пендаровски, му ги давал на Бранко Црвенковски за територијалната поделба.

„Од другата страна, го имаме човекот што го советуваше Црвенковски да се калкулира со сите кризи и да се толерираат сите безбедносни закани врз Македонија. Тој не може да биде ниту мој ниту ваш Претседател.

Деновиве на телевизија Алсат, советници на Црвенковски од албанскиот блок, најавуваат дека не е исклучено албанците и ДУИ во вториот круг да го поддржеле Пендаровски. Знам дека очајно му треба каква било поддршка. Знам дека ниту тој, ниту лидерите на неговата партија имаат образ да излезат и да се соочат со вас и од вас да ја побараат поддршката. Но ајде да му порачаме, од тука, од Куманово, дека помина времето кога преку пазарење со државните интереси, без да бидете Вие прашани, некој може да се дограби до највисоката функција и да носи одлуки во ваше име, порача Јанкулоска од Куманово

Во својот говор, таа укажа на визијата која Иванов ја има за оваа земја, за тоа дека тој неуморно работи на национално единство. Додека од другата страна, постои едно големо ништо, празни зборови без концепт и идеја.

„Добо е што за нивната болест има лек, терапијата треба да се земе на 13 април, па на 27 април, и да покажеме дека СДСМ не се избор на овој народ. Тие можат да бидат само избор на малкумина нивни пријатели олигарси. Секој глас за Иванов е глас за успешна и просперитетна Македонија“, истакна Јанкуловска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.