Јанкуловска: Ќе се воведе електронско плаќање на даноци

Носителот на Изборната единица 2, Гордана Јанкуловска, денеска оствари средба со вработените во фабриката „Тушевски“ во Куманово.

„ВМРО-ДПМНЕ знае дека силна економија, значи силно општество и држава. Во новата програмата на ВМРО ДПМНЕ предвидуваме проекти со кои што се овозможува електронско плаќање на даноците. За прв пат во Македонија ќе бидат воведени и електронските фактури. Ветивме и обезбедивме поволни финансиски средства за поддршка на македонските компании. Ја подобривме ликвидноста на приватниот сектор со целосна исплата на заостанатите обврски“, нагласи Јанкуловска.

Таа на средбата потенцираше дека продолжува реализацијата на проектот „Топ менаџмент“, проект преку кој на менаџери од македонски извозно ориентирани компании им обезбедува теоретска обука во земјава и практична обука во компании во странски развиени земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.