Јанкуловска: Компанија за преработка на бакар ќе отвори 500 нови работни места

Гордана Јанкулоска, носител на листа во изборна единица 2, денеска пред жителите на село Алгуња потсети на ветенте и реализирани проекти на Владата, но посочи и на новата украинска инвестиција која што требада отвори 500 работни места.

Се работи за „Константиновски плант оф металурџикал екипмент (КПМЕ)“, компанија за преработка на бакар, која минатиот месец донесе одлука да инвестира во земјава.

„Инвестицијата е вредна 200 милиони долари, со план за вработување на 500 лица. Компанијата планира најпрво да направи детални геолошки истражувања на три наоѓалишта во Македонија. Едното од нив е токму во Старо Нагоричане. Процесот на истражување се очекува да заврши до крајот на 2014 година, по што ќе следи изградбата на фабриката, која ќе биде во близина на рудникот“, изјави Јанкулоска.