Македонија

Јанкуловска: Оставка се бара преку институционална процедура

Јанкуловска: Оставка се бара преку институционална процедура

По јавните прозивања од опозицијата, на кој лидерор на СДСМ, Зоран Заев, објавува незаконско добиени креирани материјали и бара оставка од Владата, министерката за внатрешни работи апелира до јавноста внимателно да ги следи случувањата и да донесе сопстевн суд врз основа на фактите, а не врз основа на она што го тврди опозицијата.

Таа смета дека доколку некој од неа побара оставка, тоа треба да се спроведе преку институционална процедура, е не на партиски митинзи како што тоа го прави Заев.

„Лидерот на опозиицијата соочен со сомневања за сторени тешки кривични дела, врши актовности спротивни на законските прописи во Македонија. Со помош на креирани материјали прибаваени на незаконит начин се обидува да создаде впечаток во јавноста кој не кореспондира со реалноста. Опозициата секогаш има легитимно право да бара оставка од поединци, но постапката за барање оставка е институционална и таа се води преку Собранието. Во својата политичка кариера, СДСМ и други политички партии, иницирале таква постапка, и во една демократска процедура соодветните институции се изјасниле за тоа. Секогаш кога се зборува за каква било одговорност, треба да се следи институционалниот пат на разрешување на проблемите“, вели Јанкуловска.

За најновиот скандал поврзан со првиот човек на социјалдемократите, при што Заев се сомничи за корупција, односно злоупотребувајќи ја својата позиција побарал поткуп од 200.000 евра да заврши службена дејност, Јанкуловска посочи дека станува збор за класична корупција

„Лицето кое е осомничено за кривичноот дело во својство на службено лице, на друго лице директно му побарало пдарок во значителна вредност, за да заврши службено дејствие. Делото кај нас беше предмет на обработка подолго време . Со оглед на тоа што оштетениот на крајот на 2013 година го пријавил делото до надлежен јавен обвинител, по наредба на обвинителот спроведени се содветни актовности за обезбедување на докази и документирање“, вели Јанкуловска.

На новинарско прашање, зошто досега Зев не е уапсен за корупција, министерката објасно дека МВР работи според законски прописи и професионални стандарди, а не врз база на желби на поединци.

„Ние како институција сме должни да ги предочиме доказите пред истражните органи. И во оовј случај тоа е веќе направено“, посочи Јнакуловска.