Јанкуловска: Само низ дијалог можат да се надминат најтешките проблеми

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, посочи дека со Македонскиот полициски синдикат имаат редовни средби на кои таа се запознава со потребите на припадниците на македонската полиција и дека со континуиран дијалог тие ги решваат сите проблеми.

Одговарајќи на новинарско прашање, колку често имаат средби со Синдикатот и дали овие мерки за усогласување на платите се само дел од активностите бидејќи се очекуваат претседателски, па и парламентарни избори, Министерката истакна дека  имаа постојан дијалог со Синдикатот, а не само пред избори, и дека нивната соработка е континуирана и резултира со успешно решавање на сите проблеми и предизвици.

Министерката појасни дека последен пат се сретнале утрово, но дека во последниве седум годни тие барем еднаш месечно имаат средби.  Таа додаде дека Синдикатот секојдневно е присутен меѓу полицајците и се залага за нивните права.

Таа потсети дека една од најзначајните реформи кои ги има спроведено МВР е одредбата за предвремно пензионирање, која, нагласи Министерката, е мерка која е предложена од Синдикатот, а тие се изборија за нејзино донесување и покрај отпорот од опозицијата.

„Оваа мерка произлезе токму од Македонскиот полициски синдикат. Во времето кога ние ја предложивме, врз оснава на тој дијалог, ако се сеќавате, имаше голем отпор во Собранието, посебно од страна на опозиционите партнери, и дури на нивно барање, Уставниот суд, интервенираше во законот, но ние бевме убедени дека барањето на нашиот е оправдано и добро аргументирано и заради тоа следејќи ги насоките на Уставниот суд направивме и дополнителни корекции“, изјави Јанкуловска на денешната прес-конференција по повод усогласување на платите на вработените во МВР со платите на јавната администрација.   Таа нагласи дека соработката со Синдикатот е континуирана и не зависи од тоа дали има избори во државата.

Таа потецираше дека Македонскиот полициски синдикат упорно инсистира на подобрување на правата на вработените во МВР и дијалогот кој го водат со нив не секогаш е лесен процес.