Јанкуловска се сретна со командантот на КФОР, Фиљуоло

Министерот за внатрешни работи,Гордана Јанкулоска денес во МВР се сретна со Командантот на КФОР на Косово Генерал мајор Франческо Паоло Фиљуоло, при што на работната средба разменија мислења околу актуелната безбедносна состојба во регионот, особено во делот на границата со Република Косово. Министерката Јанкулоска и Генерал Фиљуоло заеднички изразија подготвеност за продлабочување на соработката во иднина, согласно склучените билатерални договори.

Средбата беше искористена за потпишување на Договор за привремени оперативни процедури за соработка и координација меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и НАТО силите на Косово (КФОР), кој претставува одлична можност за развивање на оперативна соработка помеѓу воените и цивилните структура во обезбедување на безбедноста и стабилностa во Регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.