Јанкуловска: Секогаш кога на Заев му е потребна помош тука е СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева продолжува да ги исполнува наредбите дадени од СДСМ и Зоран Заев. Јанева почна да повикува функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Според Јанкулоска, СЈО нема кредибилтет за какви било постапки поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некоја цел.

– Во периодот на наближување на разрешницата на политичката криза на Зоран Заев му е потребна помош. Секогаш кога на Зоран Заев му е потребна помош тука е СЈО да излезат со нешто што тие ценат дека оди во прилог на опозицијата односно дека ги подобрува позициите на Зоран Заев. На граѓаните на Република Македонија повеќе од јасно им е дека ова е политичка пресметка со неистомислениците на СДСМ, со неистомислениците на Зоран Заев кој неодмна беше и фактички повторно аболициран од СЈО. Без разлика колку пати ќе повикуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ исходот односно впечатокот во јавноста и крајниот исход од постапките во јавноста не може да се смени, изјави Јанкулоска пред СЈО.

Во своја анализа, „Република“ вчера пишуваше дека Катица Јанева се активира дури откако се увери дека народот не верува во шарените лаги на Заев, а есапот не е ист дома и на пазар.

Според информациите на Република, оваа недела треба да биде одбележана со спектакли на СЈО. Намерата повторно е да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ, а да им се фрли коска на медиумите под контрола на СДСМ/Сорос со што би се намалил притисокот врз Заев за нереализирање на сценариото. 

-Сознанијата до кои дојдовме велат дека во Специјалното јавно обвинителство се повикуваат функционери, но и 1000 до 1500 членови. Главна цел на СЈО ќе биде конструирање на предметите поврзани со изборите 2014 година, како и фабрикување на нов кој би се однесувал на финансирањето на партијата. Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои досега биле повикани, потврдуваат дека обвинителите и истражителите од СЈО се служеле со истите методи и техники. Лажно ги обвинувале дека знаеле дека тие не донирале за сопствената партија, блефирале дека наводно имале снимки од банките со кои се потврдувало дека тие не ги уплатиле парите обидувајќи се да ги заплашат дека криминал било и ако некому му дале пари да уплати како донација за партијата. Следувале и стандардните закани дека ќе одат во притвор ако не кажеле кој им ги дал парите, пишува Република.