Јанкуловска: Социјалната помош ќе се зголеми за 21, 5 отсто

Носителот на Иборна Единица 2, Гордана Јанкуловска денеска оствари средба со граѓаните на Кадриово маaло, при што презентираше дел од проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во соработка со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, во насока на јакнењето на свеста кај ромската популација за важноста на образованието, до сега доделени се вкупно 2.862 стипендии на ученици Роми, кои истовремено добиваат и дополнителна помош преку менторство и туторство, со цел подобро снаоѓање во училишната средина и постигнување на повисок успех во школувањето, нагласи Јанкуловска.

Пред граѓаните на Кадриово маало, Јанкуловска истакна дека во наредните четри години е предвидено изградба на водоснабдителни и канализациски системи во рамките на Декадата за вклучување на Ромите, Инклузија на деца Роми во предичилишно образование.

Таа додаде дека во следниот мандат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе је зголемува социјалната помош по 5 отсто годишно, односно социјалната помош ќе се зголеми за вкупно 21,5 отсто.