Јанкуловска вечерва ќе дели едукативни флаери „Алкохол и волан – најлоша комбинација“

Едукативни флаери со содржина на тема „Алкохол и волан – најлоша комбинација“, вечерва ќе им бидат поделени на возачите на улицата Орце Николов во Скопје.

Станува збор за дел од воспитно-едукативната акција во рамки на летната сообраќајна кампања што ја организираат и реализираат Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за бебедност на сообраќајот на патиштата.

Флаерите на учесниците во сообраќајот вечерва ќе им ги подели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.