Јанкуловска: За бесплатните учебници се вложија 30 милиони евра

Носителот на изборна единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Гордана Јанкулоска, денеска се сретна со жителите на Челопек во Старо Нагоричане.

Таа истакна дека се отворени 44 народни кујни, од кои една е токму во Старо Нагоричане, со цел да се излезе во пресрет на потребите на старите и изнемоштени лица кои се наоѓаат во исклучително тешка социјална положба.

„Веќе петта година по ред имплементираме концепт на бесплатно образование, односно бесплатни учебници за сите ученици во основното и во средното образование, за што досега се вложени 30 милиони евра. Учениците од Старо Нагоричане денес учат од бесплатни учебници. Во тоа е разликата“, истакна Јанкулоска.

Таа посочи и дека  и покрај светската криза кога голем број земји ги одложија  или намалија субвенциите, Владата во земјава го направи спротивното.