Јанош Лазар: САД сака да ја наполни Европа со муслимански бегалци

Американскиот претседател Барак Обама и САД поддржуваат илегалната миграција во Европа, бидејќи сакаат да го наполнат континентот со муслимани, изјави денеска Јанош Лазар, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува МИА.

Не многу одамна, кога беше на посета во Европа, претседателот Обама јасно ја изрази поддршката и важноста на миграцијата, доселувањето па дури и присилното населување, изјави Лазар.

Обама и Америка следат многу силна политика за поддршка на миграцијата, на нелегалната миграција, со цел да има што повеќе муслимани во Европа, додаде Лазар.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека не е запознаен со коментарите на Лазар, и истакна: Не сум сигурен дека заслужуваат одговор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.