Јанша најсериозен кандидат за премиер на Словенија

Три партии и натаму се во предност пред другите коишто на изборите на 3-ти јуни се борат за мандати во словенечкиот парламент и меѓу нив треба да се бара основата за состав на идната владина коалиција, покажува новата анкета на агенцијата Mediana спроведена за RTV Slovenia, oбјавена во петокот.

На девет дена пред 1,6 милиони словенечки избирачи да излезат на гласачките места во водство и натаму е Словенечката демократска партија (SDS) на Јанез Јанша која во овој момент би добила 15 отсто од гласовите, втора е листата Маријан Шарец (LMS) со 10 отсто, а трети се Социјалните демократи (SD) на Дејан Жидан со 4,8 отсто поддршка.

Листите на Јанша и Шарец се горе-долу на иста позиција според поддршката од гласачите, како и на минатонеделната анкета на Mediana спроведена над 1.100 испитаници, додека значителни паднал рејтингот на социјалдемократите коишто минатата седмица имаа поддршка од 6,5 отсто од гласачите.

Според резултатите од анкетата и проекциите изведени од неа, во парламентот би требало уште да влезе и Левица (L) на Лука Месец, Демократската партија на пензионерите (DESUS) на Карл Ерјавец и демохристијанската партија Словенија (NSI) на Метеј Тонино, додека преминувањето на 4-процентниот изборен праг за добивање пратенички мандати за другите партии најверојатно е невозможен.

Анкетата покажува дека партијата на Јанша има најмногу поддршка меѓу избирачкото тело коешто вели дека сигурно ќе излезе на изборите, бидејќи меѓу нив ужива 20-процентна поддршка, но и дека на партијата кога станува збор за преференциите од другите партиски челници ѝ недостасува потребен коалициски потенцијал, бидејќи ја сметаат за премногу насочена кон крајниот десен крај на политичкиот спектар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.