Јанша победник на изборите во Словенија според излезните анкети

Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша е релативен победник на денешните парламентарни избори во Словенија, а за неа гласале 24,4 отсто од гласачите, покажуваат резултатите на излезните анкети.

На друго место е Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) со 12,6 отсто, а на третата Партија на модерниот центар (СМЦ) на премиерот Миро Церар. По оваа партија, најголем број гласови според излезните анкети добила Левица (Л) Лука Месец со 9,5 отсто, а зад неа Социјалните Демократи (ДС) на Дејан Жидан со 9,3 отсто.

Голем број на партии кои влегоа во парламентот, доколку излезните анкети се покажат како точни, би можеле да го отежнат формирањето на новата влада.

Јанша како релативен победник би требало да добие мандатот од претседателот Борут Пахор да се обиде  да формира влада, но тоа ќе биде тешко ако сите оние партии кои пред изборите го исклучија како можен партнер, останат на своите ставови.

Први изјавите на партиските лидери се очекуваат во текот на вечерта, но попрецизна слика ќе има подоцна откако  Државната изборна комисија ќе пресметаат околу една третина од гласовите.