Јанша: ВМРО-ДПМНЕ е наш партнер и пријател, ви посакувам победа на изборите

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани пред граѓаните се обрати и поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша. Тој кажа дека е горд што е во Вевчани, дека секогаш сакал да запознава краишта кај што има преубави луѓе.

-Знам дека сите вие нестрпливо го очекувате говорот на Никола, затоа дозволете ми да бидам што пократок да ви посакам победа на претстојните избори. Убеден сум дека господинот Цветомир кој што го знаеме во Словенија како добар стопанственик ќе победи и на ден на таа победа и ние во Словенија ќе отвориме шампањско, изјави Јанша.

Тој ги поздрави вевчанци и во име на најголемата словенечка партија, која тој ја води, но и од името на Европската народна партија во која што сум во врвот.

-ВМРО-ДПМНЕ е наш партнер и пријател во тоа европско семејство и ќе се радуваме на денот кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ е членка на врвот на Европската народна партија. Ви посакувам среќа и победа на изборите ја имате нашата поддршка, изјави Јанша.