Јанша: Ќе ескалира кризата во Словенија

„Не’ очекуваат месеци во кои што ќе има реално чувство на кризата, кое сега поради брзото темпо на задолжување е потиснато во позадина, ќе излезе на површина. Кризата ќе се почувствува на уплатниците, зголемен број на невработени, а се надевам и на поголема граѓанска храброст- онаква каква што во последните недели покажуваат жителите на Украина“, рекол Јанша.

Тој додал дека така ќе се забрзаат „неопходните промени“, бидејќи сегашната Влада со „допадлива реторика“ ја разубавува вистинската состојба на работите, но во државата владее „медиумски и политички монопол“ создавајќи илузија за некаков „демократски социјализам“, додека од позадина „властите ги држат припадниците од поранешниот режим“.