Јанша ослободен од затворската казна

Словенечкиот Уставен суд ја поништи двегодишната затворска казна за поранешниот премиер Јанез Јанша поради нерегуларности во процедурата и побара повторно разгледување на корупцискиот случај.

Одлуката за ослободување на Јанња била едногласна, а за време на очекувањето на новиот судски процес тој ќе биде ослободен.

Поранешниот словенечки премиер беше осуден на две години затвор во јуни 2013 година поради земање поткуп во врска со планираната набавка на 135 блиндирани возила од финската компанија „Патриа“ во 2006 година, кога тој беше претседател на владата. Подоцна оваа зделка беше повлечена.

Јанша демантира дека земал пари од „Патриа“, објаснувајќи дека процесот против него бил политички мотивиран.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.