Јансруд двоен победник кај мажите, Хосп славеше во слалом кај жените

Норвешкиот скијач Шетил Јансруд врза и втора победа на трките во Лејк Луис кои се одржуваат во рамките на Светскиот скијачки куп за мажи во алпски дисциплини.

По победата во спустот, тој славеше и во супервелеслалом, и тоа со време од 1:32,02 минути. Второто место го освои Австриецот Матијас Маер со време 1:32,31 а веднаш зад него, со само две стотинки задоцнување се пласираше Италијанецот Доминик Париз.

Јансруд изби на третото место во вкупен пласман со 116 бода, а пред него се лидерот Марсел Хиршер од Австрија со 180 и Германецот Фриц Допфер со 120 бода.

jansrud2

Во женската конкуренција во американскиот скијачки центар Аспен вчера беше возена втората трка во овогодишниот шампионат во слалом.

Најдобра беше Австријката Никол Хосп, која победи со вкупно време од 1:44,90 минути, и беше подобра од Швеѓанката Фрида Нахсдотер за 19 стотинки. Како третопласирана заврши Катрин Цетел со време 1:45,85 минути.

Во генералниот пласман во слалом по две извозени трки води Фрида Хансдотер со 160 бода пред Тина Мазе и Никол Хосп кои имаат освоено 129 бода.

nicol hosp

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.