Свет

Јануари крвав месец, кој е следен на листата на џихадистите?

Јануари крвав месец, кој е следен на листата на џихадистите?

Терористичкиот напад во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, која во повеќе наврати има објавено карикатури од пророкот Мухамед, во кој беа убиени десет новинари и двајца полицајци ја потресе светската јавност, а Париз за момент го стори престолнина на светот.

oruzje-balkan-parizi-02

 

Браќата Саид и Шериф Куаши на седми овој месец со автоматки пушки упаднаа во канцелариските простории на магазинот за време на работен состанок и ладнокрвно усмртија 12 луѓе, од кои десет новинари и двајца полицајци.

kuasi

Браќата местото на злосторството го напуштиле со црн автомобил, кој подоцна го оставиле на една бензинска пумпа, која ја ограбиле.

Илјадници припадници на силите за безбедност на Франција трагаа по браќата терористи. Наредниот ден тие упаднале во една печатница на триесетина километри од Париз, каде беа опколени од полицијата и убиени.

policaec

Шериф Куаши, во постхумано видео открива дека бил испратен и финасиран од огранокот на Ал Каеда во Јемен.

uzas

Во текот на тој и наредниот ден Франција стана центар на неколку заложнички драми.

Веќе наредниот ден Амеди Кулибали пукаше во полицајка и општински службеник во Париз. Полицајката им подлегна на повредите, а исламистот во текот на бегството изврши напад во еврејска продавница за кошар храна, каде усмрти четири лица и во заложништво држеше десетина други. Подоцна тој беше убиен од страна на безбедносните сили.

Кулибали во видео кое било снимено пред нападите, а било објавено по неговата смрт ја презел одговорноста за смртта на полицајката и рекол дека го испратила Исламската држава, активна во Сирија и Ирак. Тој нагласил дека иако не припаѓале на иста организација, тој бил во контакт со браќата Куаши, бидејќи како што додал секогаш биле синхронизирани кога се работи за операциите.

kulabali

Полицијата трага и по дваесет и шестгодишната девојка на Кулибали, Хајат Бумедијен, за која се смета дека помагала при нападите. Таа успеала да и побегне на француската полиција и за неа се претпоставува дека од Турција пребегала во Сирија.

Истовремено од седми до деветти јануари исламските екстремисти во Нигерија го изведоа најкрвавиот масакр во историјата на радикалното движење Боко Харам, срамнувајќи со земја градот Бага, на границата со Чад и притоа убивајќи 2.000 лица.

Стотици тела неподвижно лежеле расфрлени низ шумата по дводневниот напад, а жртвите воглавно биле деца, жени и постари луѓе, кои не успеале да побегнат доволно брзо кога бунтовниците упаднале во градот.

Само ден подоцна, десетгодишно девојче изврши самоубиствен бомбашки напад на преполн пазар во Нигерија. Во нападот загинаа најмалку 19 лица. Меѓу загинатите е и малото девојче, кое ја носело импровизираната експлозивна направа, а 18 други лица се ранети. Веќе другиот ден, на единаесетти е извршен нов терористички напад. Две девојчиња извршиле самоубиствен напад на пазар во североисточната држава Јобе, при што животот го загубија најмалку три лица, а околу триесетина се ранети.

Инцидент истиот ден имаше и на територијата на Европа. Подметнат беше пожар во зградата на локалниот весник  „Хамбурегер Моргенпост“ на северот на Германија.

hamburg-arson-v2

„Хамбурегер Моргенпост“ е еден од десетиците германски весници кои што ги објавија карикатурите на француските колеги од „Шарли Ебдо“. Пожарот настанал кога преку прозорците на редакцијата на весникот биле фрлени камења и запалливи материи, но за среќа не била предизикана поголема штета, затоа што во тоа време во просториите на весникот немало никој. Полицијата во Хамбург не можела да потврди дали постои врска меѓу двата настани и истиот ден уапсила две лица под сомнение дека се поврзани со инцидентот.

Жена изврши терористички напад во Истанбул при што усмрти еден полицаец само еден ден пред масакрот во „Шарли Ебдо“.

Жената облечена во наметка имала намера да дигне во воздух полициска станица, а откако била спречена во намерата да влезе, таа предвреме го активирала експлозивот.

Инцидентот се одиграл на плоштадот Султанахмет во историскиот центар на градот, каде се наоѓа Сината џамија. Турската полиција се сомнева дека зад нападот стои забранета левичарска партија.

Четири дена подоцна во Истанбул навреме е спречен нов терористички напад, овојпат во трговски центар.

Двајцата напаѓачи биле уапсени во момент кога се подготвувале за извршување на нападот, а при апсењето бил пронајден експлозив. Според турските медиуми, кои се повикуваат на извори во полицијата, уапсените се членови на забранета левичарска група. Од групата негирале дека подготвувале терористички напад.

Националната разузнавачка агенција на САД (НСА) добила нови податоци за тоа каде би можел да биде следниот напад на ИД.

vatikanslika

Според информациите што синоќа ги објави израелската државна телевизија НСА испратила известување до Ватикан дека „папската држава“ најверојатно е следна на листата. Слични вакви информации објави и германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“, кој објави дека НСА ги прислушувала разговорите на водечките лидери на ИД во кои било напоменато дека Париз е само почетокот на теророт во Европа.

„Билд“ објави дека целта на ИД е да инфилтрира групи од по четири командоси помеѓу бегалците што пристигнуваат во ЕУ, а секоја група има за цел некоја од светските метрополи.