Јанукович ги уверува американските сенатори во непроменливоста на курсот за европска интеграција на Украина

На средба со американските сенатори Џон Мекејн и Кристофер Марфи, претседателот на Украина Виктор Јанукович, истакнал дека курсот за европска интеграција на земјата не е променет, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на соопштение на сајтот на претседателот.

„Претседателот уште еднаш ја истакна непроменливоста на курсот за европска интеграција на Украина, како и посветеноста кон националните интереси на земјата. Виктор Јанукович уверува дека власта ќе направи се’ што е можно за воспоставување на правото на граѓаните за мирни демонстрации, како и спроведување на фер истрага за настаните од 30 ноември 2013 година, на плоштадот Независност во Киев. Страните се договараа за продолжување дијалогот“, се вели во соопштението.

Во него се прецизира дека уште во текот на средбата биле разгледани билатералните односи меѓу Киев и Вашингтон, како и предизвиците што се наоѓаат пред Украина.