Јанукович ако има низок рејтинг, нема повторно да се кандидира за претседател

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович ветува дека нема да се кандидира на следните претседателски избори, ако има низок рејтинг меѓу граѓаните, пренесе агенцијата „УНИАН“.

„Ако видам дека имам перспективи и дека ќе ми дадат можност луѓето да продолжам со оваа работа, само тогаш ќе донесам одлука. Ако имам, условно кажано, низок рејтинг и немам перспективи, нема да и сметам на земјата да се развива“, рекол Јанукович, истакнувајќи дека сака политичарите да се обединат не околу идеите за добивање на власт, туку околу вредности.