Јанукович е подготвен на предвремени избори

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович е подготвен на предвремени парламентарни и претседателски избори, ако тоа е единствениот демократски начин за решавање на политичката криза во земјата, изјавил претставникот на претседателот на земјата во Врховната Рада, Јуриј Мирошниченко.

„Претседателот истакна дека ако политичарите не успеат да се договорат, тогаш единствениот демократски начин на кој може да се реши ситуацијата, се предвремените избори“, рекол Мирошниченко.

Според него, тие не подготвуваат насилно сценарио за решавање на кризата, ниту пак ја разгледуваат можноста за прогласување на вонредна состојба.