Јанукович го потпиша законот за амнестија на демонстранти

Претседателот на Украина, Виктор Јанукович го потпиша законот за амнестија за учесниците во антивладините протести, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на соопштението објавено денеска на сајтот на претседателството.

Примениот закон на 29 јануари од Врховната рада беше подготвен од претседателскиот претставник во парламентот Јуриј Мирошниченко. Со него се предвидува амнестија за сите учесници во масовните протести, без сторителите на тешки кривични дела. За да стапи во сила амнестијата, пред демонстрантите се поставени три предуслови, во рок од 15 дена да ги ослободат сите окупирани од нив административни згради, да ја напуштат Киевска улицата „Грушевски“ и да ги отстранат барикадите по сите улици и патишта во украински градови, наведува „БТА“.

Вчера опозициските лидери Арсениј Јаценјук, Виталиј Кличко и Олег Тјагнибок истакнаа во заедничката изјава дека законот бил усвоен со помош на „уцена, притисок, фалсификат и измама“. А демонстрантите во Киев и други градови не дадоа знак дека имаат намера да ги исполнат условите, пренесе „ИТАР-ТАСС“.