Јанукович и предложи на ЕУ да и помага на Украина заедно со Русија

Украинскиот претседател Виктор Јанукович и предложи на Европската унија заедно со Русија да се заземе за решавање на економските проблеми на Украина, рекла за новинарите претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте, пренесе „ИТАР –ТАСС“.

Грибаускајте додала дека источноевропските земји, примени во ЕУ во 2004 година, особено активно го разубедувале Јанукович од таков тристран формат на преговори со учеството на Русија. Овие земји објасниле дека за последните 15 години постигнале напредок токму благодарение на билатералните договори со ЕУ, пренесе „Франс прес“.

Покрај објаснувањата и одржаните средби со европски функционери, украинскиот претседател не го променет ставот. Синоќа, откако пристигна во Вилнус , уште пред вечерата, тој разговарал повеќе од еден час со европскиот претседател Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Баросо.

По официјалната вечера, со која започна самитот на земјите од ЕУ во Вилнус, Грибаускајте соопшти дека европските лидери се обидоа да го убедат Јанукович да прифати потпишување на договор за асоцијација со ЕУ, но не успеале.

„За жал не дејствуваа аргументите во корист на потпишувањето. Засега неговиот став не е променет“, изјавила претседателката на Литванија, додавајќи дека за време на вечерата лидерите од ЕУ повторно го ислушале мислењето на Јанукович, но тој не зборувал ниту за потпишување, ниту за договорот, туку само за економските проблеми на Украина.

ЕУ нема да ги ублажи барањата кон Украина за потпишувањето на договорот за асоцијација, рекол во Вилнус висок европски дипломат. Условите се дефинирани во декември 2012 година. Тоа се реформи во изборното законодавство, на судскиот систем и отстранување на случаите на селективно правда, вклучувајќи го и решавањето на случајот со поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, додал дипломатот.

За однесувањето на Јанукович, „Асошиејтед прес“ го цитира мислењето на аналитичарите дека украинскиот претседател се обидува да се движи меѓу ЕУ и Русија, со цел да добие на време, да си остави различни опции за акција  да добие во Вилнус нешто што би можел да го добие  другиот месец во преговорите со Москва, смета Тим Еш, главен економист за пазарите во лондонската „Стандард Банк“.

Претседателот на Украина веројатно се надева дека ќе добие доволно ветувања од европските лидери за европската интеграција на Украина, за да го смири расположението на улиците во неговата земја и да ја намали моќта на уличните демонстрации, вели Еш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.