Свет

Јанукович ќе се обиде да ја врати власта преку воена операција

Јанукович ќе се обиде да ја врати власта преку воена операција

Соборениот украински претседател Виктор Јанукович ќе се обиде да ја врати власта со помош на воената операција, пренесе „Обозревател“, повикувајќи се на податоците објавени во руското издание „Наша верзија“.

Според информации од руските изданија, на 25 или 26 март поранешниот лидер ќе даде изјава на еден од телевизиските канали. Се проценува дека тогаш тој ќе објави воена операција во југоисточните делови на Украина.